Првиот вицепремиер Изет Меџити денеска ги искоментира предупредувањата на премиерот Христијан Мицкоски за тоа дека ДУИ подготвува дестабилизација.
Според Меџити, ДУИ за ова нема причина.
„После 20 години тешко им е да се соочат дека се во опозиција, немаат причина за протести и дестабилизација“, рече Меџити.
Во однос на одбележувањето на 23 години од Охридскиот рамковен договор, Меџити вели дека не бил договор за тоа како ќе опстои една политичка партија.
„Рамковниот договор е договор како ќе функционира државата, а не како ќе опстои на власт една политичка партија“, порача Меџити.