Меџити за законот за бранители: Ќе го блокираме, за нив и без закон постојат социјални пакети

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Првиот потпретседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека ова не е прв пат да има закон за Бранителите.

Како што вели, додека бил ДУИ на власт или други партии, неколку пати се има случено да бидат носени закони или бенефиции за Бранителите и притоа не е донесена ниту една бенефиција за Ослободителната Народна Армија (ОНА-УЧК) иако претставници на власта произлегле од ОНА.

„Само да елаборирам. За нив и без закон постојат социјални пакети, тие се регистрираа на универзитетите безпари, во фондот за здравство не плаќаат, во болниците не плаќаат, нивните деца се школуваат безпари. Имаме случај Тарчуловски кој се осуди за воени злосторства, минатите влади плаќаа за неговата одбрана, кога се врати тука му дадоа еднократна помош, има значи повеќе случаи, а последниот случај е кога заменик Премиерот, господинот Груби, не Премиерот туку заменик Премиерот има потпишано одлука за случајот со Бранителите. Сега повторно, ова не е иницијатива на партнерите во власта, туку е иницијатива на СДСМ која до вчера пропагираше за еден граѓански концепт, каде граѓаните не ги делат на етничка база, кои имаат земено од 30 до 50 илјади албански гласови кои беа клучни за доаѓањето на СДСМ на власт и ако ви текнува со албанските гласови беше 49:51 не беше ни 50:50, значи овие беа клучни за доаѓањето на СДСМ на власт. Минатите 8 години имаа можност за да ги решат овие работи и не дигнале глас, а сега кога се формираше една нова влада, Славјанка, министерката за Одбрана која е од СДСМ со граѓански концепт предлага закон за Бранителите за да ја испровоцираат ситуацијата“, вели Меџити.

Според Меџити, законот се предлага со цел да се испровоцира меѓуетничка ситуација.

„И овој закон влезен е во процедура и ние се спротивставивме. Сега имаме ситуација каде е блокиран и мислам дека се ќе направиме за да го блокираме до крај. Не како другите, кои гласале закони за Бранителите. Имаше и изјава на Стојанче Ангелов, каде јавно кажа пред политички лидери и немаше никаква реакција, на еден политички митинг каде учество земаа целото поранешно владино мнозинство, дека имал поддршка од албанската опозиција дека без проблеми ќе го поддржеа законот за Бранителите доколку тие беа на власт. Ова не го велам јас, јавно е“, вели Меџити.

На прашање што ќе направат со законот, Меџити вели да се затвори прашањето затоа што тие ќе го блокираат.

„Ние јавно велиме дека не сме за законот за Бранителите доколку не се третираат и борците на УЧК“, додаде Меџити.