Мехмеди: Недостасува практична настава

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Професорите во средните и основните училишта ќе се обучат како да држат предавања со нови образовни програми по предметите бизнис, претприемништво и иновации. Ова е новиот проект што беше претставен денеска и кој ќе се реализира со помош на обучувачи од Универзитетот од Велс.
Професорот од Универзитетот „Сент Дејвид” Енди Пеналуна, вели дека Македонија е првата дрќава која во основните и средните училишта го вклучила предметот по бизнис и иновации.
“Во овој процес очите ќе бидат свртени кон Република Македонија затоа што таа е единствената земја која го прифати и го внесе ова во основното и во средното образование. (06;33) Креативноста не е доволна за да се разбере бизнисот, да се разбере како се почнува и развива нов бизнис е многу важно”.
Професорката Дашурие Мехмеди, вели дека 12 години предава бизнис и претприемништво во гимназијата во Гостивар. Таа потенцира дека учениците се доста креативни, но додава дека има недостаток на основни елементи за реализација на практичната настава.
“Годинава има промени во наставната програма и целта е да се следат светските трендови. Условите не ни се толку добри за да се следи наставниот процес во училиште. Но, учениците имаат идеи и поделувајќи ги на работни групи се трудиме да ги реализираме. И таквите идеи и креативности сигурно во иднина ќе ги спроведуваат и во пракса.”
Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски, изјави дека ќе продолжат да ги подржуваат овие обуки бидејќи се важни за учениците и образованието.
Академикот, Таки Фити, како раководител на Регионалниот центар за развој на иновации и претприемачко учење, изјави дека е тешко да се реализира овој проект, особено во основните училишта. Тој, меѓутоа, порача професорите да се посветат и теоријата да ја спроведат во пракса.