Коалицијата „Менуваме“ денеска се сретна со министерот за здравство, Беким Сали.
Договорено е да се создаде електронски регистар за лица со оштетен вид, што ќе помогне во преземање дополнителни мерки за оваа категорија лица.
Претседателот на коалицијата, Суарет Алишан, вели дека предложиле и ортопедските помагала за деца и лица со оштетен вид да преминат на товар на Фондот.