Метео предупредување: До недела со дожд, грмежи, ветер и град

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Управата за хидро-метеоролошки работи издаде метео предупредување поради опасност од невреме во следните денови. Опасноста трае до недела, а може да биде проследена со дожд, грмежи, засилен ветер и град.

„До недела времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град. Температурите ќе бидат во постепено опаѓање и под просекот за овој период од годината“, информираат од УХМР.

Од Центарот за управување со кризи апелираат граѓаните да не се движат непотребно надвор и покрај суви реки или водотеци.