Мигрант починал во кумановската болница, пред една недела бил најден во бессознание на улица во градот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Мигрант починал во кумановската болница, откако пред една недела бил пронајден во бессознание на улицата „Никола Тесла“ во градот, соопшти денеска СВР Куманово.

– Денеска во 08:25 часот во СВР Куманово било пријавено дека во општа болница Куманово починало лице мигрант, со непознат идентитет. На 9 декември годинава на улицата „Никола Тесла“ во Куманово тој бил пронајден во бессознание и префрлен во општа болница Куманово за понатамошно лекување, соопшти кумановската полиција.

Екипа од СВР Куманово презема мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и расчистување на случајот.