Милиони дози од вакцината Џонсон и Џонсон се неупотребливи поради контаминација

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Неколку погони за производство на вакцината Џонсон и Џонсон против Ковид-19 во фабриката во Балтимор, морале да бидат затворени, вакцините ќе мора да бидат фрлени.

„Њујорк тајмс“ пишува дека со таа одлука се опфатени околу 60 милиони дози вакцини.

Во март после испитувањето се утврдило дека 15 милиони вакцини од таа компанија се урпопастени во таа фабрика која ја води партнерската компанија „Емерџент БиоСолушнс“.

Покрај вакцината „Џонсон и Џонсон“ во фабриката се произведувала и АстраЗенека, па состојките за оваа втората по грешка се дадени во првата, што предизвикало контаминација на 15 милиони дози, и со тоа ги направило неупотребливи. Тие не излегле од фабриката и не се дистрибуирани.