Милошоски: Да не се чудите зошто Османи, Димитров и Заев не доаѓаат во Собрание, тие се навикнати на тајни преговори кои потоа ќе ги плати народот

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Антонијо Милошоски, Член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на денешното свое
обраќање на протестот кој се одржа пред МНР под мотото „Оставка за Заев, слобода за народот“ побара оставка од они кои викендот преговараа со нивните колеги од Софија односно од министерот за надворешни Бујар Османи и неговите соработници.

-Најпрво да ви се заблагодарам за присуството и да го поздравиме
министерот Бујар Османи со едно барање на оставка. Оставка од тие кои овој викенд беа затворени во МНР, министерот и тројца негови соработници и преговараа целодневно со нивните колеги од Софија, во чие име преговараа што преговараа и што договорија, на чија сметка, кој им дал мандат да преговараат она што е традиција, интерес, историја, книжевност и јазик на македонскиот народ.