Милошоски: ДУИ и СДСМ одат во опозиција во Советот на Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ со неколку партии обезбеди мнозинство

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ на својот „Фејсбук“ напиша дека ДУИ и СДСМ ќе бидат опозиција во Советот на Град Скопје, откако ВМРО-ДПМНЕ со уште неколку партии обезбедила мнозинство во Советот.

„Официјално ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неколку партии, обезбеди мнозинство од 24 советници од вкупно 45, со тоа ДУИ и СДСМ ќе бидат опозиција во Советот на Град Скопје“, напиша Милошоски.