Милошоски со реакција по повод изјавата на Маричиќ во Клик Плус

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 обвини дека Антонио Милошоски прави опструкции при изборот на Амбасадори, преку Комисијата во Собранието.

На оваа изјава реагираше и самиот Милошоски кој вели дека владината фрагментираност е сама по себе опструкција за македонската дипломатија, а за тоа најдобро сведочи празната амбасада во Вашингтон, каде Македонија за прв пат од самостојноста цели 4 години нема свој амбасадор.

„Штетата по нашата дипломатија е уште поголема со чинот што во 2021 беше предложен амбасадор за кого САД вербално ни укажаа дека истиот го сметаат за неподобен, а тоа е сериозен фаул“, додава Милошоски.