Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, на Фејсбук сподели вести од вечерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ.
Тој пишува дека Бугарија не само што ја блокира предлог-преговарачката рамка, туку ставила вето и на заклучоците.
„По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година“, пишува Милошоски на Фејсбук.
Според извори од состанокот, истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно.
Сè помалку е извесно дека до крајот на годинава ќе бидат усвоени преговарачките рамки и ќе почнат преговорите со Северна Макеоднија и со Албанија за членство во ЕУ, изјави еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји.
Според него, шансите се мали, иако Европската комисија и германското претседателство со ЕУ сè уште работат со земјите-членки во обид да се најде решение за старт на преговорите со Скопје и Тирана.