Министерство за здравство: Нема појава на одлив на здравствени работници во Србија

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

По информациите дека медицински кадар од септември ќе замине за Србија, ТВ21 одговор побара и од Министерството за здравство од каде велат дека до овој момент нема такви најави.

„До стручните служби на Министерството за здравство до овој момент нема пристигнато известување од јавните здравствени установи за ваква појава на одлив на здравствени работници во Србија. Со цел дополнително стимулирање и мотивирање на здравствените работници, а со тоа и спречување на одливот на кадар, кој се одвива како процес во светски рамки, во тек се повеќе континуирани активности за подобрување на нивниот статус, квалитетот на едукацијата и условите во коишто работат“, велат од Министерството за здравство за ТВ21.