Министрите се менуваат, а Идризово сè уште без школо – Шаќири: Приоритет е, но не сум ја видел документацијата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Двајца министри се сменија, но никако да се направи училиште на албански јазик во Идризово.

По Арбр Адеми и Мила Царовска и новиот министер за образование, Јетон Шаќири, вети изградба на училиштето но сè уште не ја видел документацијата и каде работата застанала.

„Овие училишта ќе бидат наш приоритет, треба да ја видиме документацијата и техничката документација која е во врска со локалната самоуправа за имотно правни прашања“, истакна Јетон Шаќири.

Новиот градоначалник на Гази Баба, под чија надлежност е Идризово, вината ја префрли на неговиот претходник.

Вели дека за изградба на училиштето немало ниеден проект иако екс градоначалникот на Гази Баба им рекол на жителите дека има проект. И новиот градоначалник ветува дека училиште ќе се гради.

Првиот вицепремиер Артан Груби пред неколку дена рече дека ќе разговара со министерот за образование дека ќе се гради училиште во Идризово. Жителите од оваа населба со години бараат училиште за нивните деца. Тоа со своја уста им го ветиле и функционери од централната и локалната власт, но до сега зборовите не се преточени во дело.