Минималните температури утрово беа -5 Попова Шапка, -3 Маврови Анови, -2 Крушево, -1 Берово, 0 Охрид, Претор, Прилеп, 1 Тетово, Битола, Дебар, Крива Паланка, 2 Струмица, Виница, 3 Скопје- Зајчев Рид, Куманово, Штип, 4 Скопје-Петровец, Велес, Демир Капија, Кавадарци, 5 Гевгелија.
НАВРНАТ ВОДЕН ТАЛОГ за изминатите 24 часа до 07 часот (во l/m 2 )
32 Струмица, 31 Берово, 26 Крушево, 24 Гевгелија, Маврови Анови, 23 Тетово, 21 Претор, Пожаране, 20 Попова Шапка, 19 Охрид, 15 Битола, 14 Крива Паланка, 12 Виница, 11 Прилеп, 9 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Тополчани, 8 Кавадарци, 7 Дебар, 6 Велес, 5 Куманово, 4 Штип.
ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) 22 Берово, 10 Маврови Анови, Попова Шапка, 7 Крушево, 1 Претор.
Во текот на ноќта преовладуваше облачно време со врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Во повеќе места дуваше слаб до умерен ветер од северен правец.
Времето денеска ќе биде претежно облачно и постудено со повремени врнежи, кои во западните и јужните делови ќе бидат поројни и обилни (над 50 л/м 2 ). На планините врнежите ќе бидат од снег од 40 до 50 см, на повисоките места од 10 до 30 см, а во некои пониски места од дожд и снег и ќе се формира помала снежна покривка. Во југоисточните делови ќе бидат само од дожд. Ќе дува умерен, а на планините силен северен ветер.
Максималната температура ќе достигне од 2 до 6 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд и снег, а на околните планини од снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе засилува. Максималната температура ќе достигне до 5 степени.