Портпаролката на Владата Марија Митева денеска соопшти информации од активностите на ДПИ во координација со МВР кои се однесуваат на вчерашниот ден, а се во насока на вонредните контроли за почитувањето на одлуката на владата за прогласување на денови на жалост.
„Во овие контроли вчера се утврдени два објекти кои не ја почитувале одлуката на Владата и работеле, за тоа се изречени соодветни мерки и затворање на локалите.
Во однос на оние контроли кои се спроведуваат на сите објекти со и без лиценци активноста продолжува, анализите се обемни, а проверките темелни се со цел утврдување дали истите ги почитуваат минимално техничките услови.
Сакам да ја информирам јавноста и за преземените активности на Министерствот за транспорт и врски, каде од досега направените контроли утврдени се голем број на лиценци кои со решение ќе бидат одземени, и тоа кај околу 100 затоа што е утврдено дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени.
И во ова надлежно министерсто во текот на вчерашниот но и денешниот ден контролите продолжуваат и до крај на денот очекуваме нов пресек со детални информации за сите направени контроли на овој тип на лиценци“, вели Митева.
