Митрески: Предвремени избори нема да се случат, нема да има ново мнозинство!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 истакна колку е стабилно сегашното парламентарно мнозинство.

Според него, ова прашање се отвора во јавноста претежно од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Таа е реторика која што исклучиво ја користат за внатрепартиски цели, за држење на членството во некоја заблуда дека не знам што утре ќе се случи. Целиот период од три години се демантира тоа, еве го демантирам и денеска, избори предвремени нема да се случат, нема да има ново мнозинство, нема да има намалување на мнозинството, единствено може мнозинството да расне“, порача Митрески.