Мицкоски: Ако го реализираме тоа што го ветивме, можеби ќе ме гледате повеќе пати на ден со лопата во раката

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски вечерва во интервју за ТВ24 порача дека можно е да го гледаме повеќе пати на ден со лопата во раката.

Тој вели дека не гледа зошто пропагандата би била на најсилно пуштена доколку реализираат проекти значајни за граѓаните.

„Ако го реализираме тоа што го ветуваме тогаш можеби и по неколку пати на ден ќе ме гледате со лопата во раци или како пуштам некој од проектите кој веќе е завршен“, вели Мицкоски.

Премиерот вели дека доколку биде се како што треба, во првата половина од месец јули ќе го имаат и ребалансот на буџетот, додека пак почетокот на август ќе има повик до општините да излезат со своите проекти.

Според тоа што денеска го разговарав со министерката за финансии, голема е можноста 6 милијарди денари да бидат распределени кон општините за проекти кои што се подготвени.

Мицкоски не истакна од каде ќе се крати за овие проекти, но најави дека утревечер имаат состанок на кој ќе разговараат за сите детали.