Добрососедските односи се прв приоритет на ВМРО-ДПМНЕ но, во самиот Договор за добрососедство и пријателство нема ништо добрососедски, нити пријателски односи во изминатите две ипол – три години од страна на источниот сосед.
Ова го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој воедно ги повика Ковачевски и Пендаровски, како што вели, да не го опструираат референдумот преку Џафери.
Мицкоски додаде дека реалноста која што ќе ја изберат граѓаните таа ќе треба да се прифати, затоа е потребно да се има Референдум и избори. Тој ја коментираше и изјавата на Заев дека 75 отсто од граѓаните го поддржуваат договорот со Бугарија.
„Единствен начин да видиме дали е во право Зоран Заев и Владата која што се плаши и претседателот кој што е многу исплашен е да го поддржат овој процес да не го опструираат сега преку Талат Џафери во Парламентот. Да дозволат најпрвин да се соберат тие 150.000 граѓански потписи, а потоа и да се оди на Референдум, каде што граѓаните ќе можат да ја кажат својата волја. Е тогаш ќе видиме каква ќе биде таа пропорција, дали е така или обратно“, вели Мицкоски.