Мицкоски: Ковачевски има време до 10 мај да размисли – „Потоа ако нема дијалог за предвремени парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ пристапува кон активна блокада“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите даде одговор за ставот на премиерот Димитар Ковачевски, кој кажа дека е за лидерска со проширен дневен ред и без уцени.

„Мојот став е дека до 10 мај има рок, нека не брза, нека размисли, по 10 ние продолжуваме според она што го усвои ИК на партијата, а тоа е активна блокада на македонскиот парламент“, рече Мицкоски.

Тој додава дека доколку не сака Ковачевски сам, на таа средба може да ги земе и Бујар Османи, Али Ахмети, Љубчо Георгиевски, Павле Трајанов, Маја Морачанин, Горан Милевски…

„Со сите со цела коалиција, еве јас ќе бидам со моите соработници, да разговараме за датум за избори, а до тогаш му нудам 4 тим, да му помогнат колку толку да ги ублажиме ефектите од оваа кризна состојба во која што се најде нашата земја“, кажа Мицкоски.

Мицкоски додаде дека со месеци повикува на дијалог бидејќи, според него, Македонија е во криза, а луѓето од владата се невешти да се справат со реалните проблеми, односно со кризата кои сами ја наметнале.