Мицкоски: Криминалците од Арачиново се шерифи во Скопје, зошто добиваат заштита од МВР

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната негова посета во Бутел зборуваше за МВР предводено од Оливер Спасовски каде истакна дека криминалците од Арачиново се шерифи во овој град зошто добиваат заштита од МВР.

-Мислам дека е добро да се почне од почеток, да се направи една ретроспектива од снимените разговори на обвинители и судии кои што завршија во депото на МВР, а никој до ден денеска не понесе одговорност како тоа обвинители и судии  се снимени, па да завршиме со ова последно дивеење на една криминална банда за која што сите ние знаеме дека функционира на територијата на општина Арачиново и кој што се однесуваат како газди во овој град.  МВР поради тоа што врвот на министерството е соработник на оваа банда е немоќно да им се спротивстави и тие луѓе кои што, зборувам за полицајците кој што се нашле во една непријатна ситуација можеле многу лесно да бидат жртви на оваа криминална нарко-банда кое што цело Скопје знае која е, каде живее и како изгледа, а никој за жал до сега не им застана на патот, затоа што се ортаци со нив. Просто е едноставно, е. Така да ќе почнеме од таму, па ќе завршиме со ова. Периодот кој што следи ќе ја разгледаме и таа можност за интерпелација на министерот Спасовски,  рече Мицкоски.

Мицкоски во врска со ова укажа дека поради сето ова коа се случува во државата се потребни избори.

-Точно знаеме во Арачиново која е групата, точно знаеме кој возила ги возат, точно знаеме каде живеат, точно знаеме со што се занимаваат и точно знаеме со кои полициски функционери се на линија. Зошто не ги уапсат? Еве оставаме државата односно министерството да си го заврши она за што е надлежно, ние не сме ниту министерство за внатрешни работи, ниту судии, ниту обвинители. Ако видиме дека и понатаму продолжуваат, нормално е дека ние ќе ги објавиме, но со објавување ние ќе влеземе во чевлите на воајерски пристап во политиката. Нас ни требаат дела, конечно нешто да се направи, не само да зборуваме, ние ќе зборуваме, еве ќе зборуваме, ние ги немаме институциите, затоа велиме дајте да идеме на избори, да ги имаме институциите, да видите тогаш како се постапува, додаде Мицкоски.