Мицкоски: Оставка на Владата, експертска влада до локалните, кога би се одржале и парламентарни избори

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ: Подготвени сме за разговори за експертска влада, но да ја предводи заеднички прифатлива натпартиска личност

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да разговара за експертска Влада фоколку ја предводи човек којшто би бил заеднички прифатлив, натпартиска личност...

Кривична пријава за бесправно градење во Трпејца

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Н.Л.(76) од охридското село Трпејца, поради постоење основи на сомнение дека е сторител...

Занзибар воведе забрана за голотија на јавните места, казни до 2 000 долари

На остворот Занзибар, на сила стапи забраната за шетање на голи на јавните места, а властите велат дека за...

МВР приведе криминалец баран од германската полиција

На 05.03.2021 во 13,00 часот на Граничен премин „Јажинце“ од полициски службеници бил лишен од слобода Д.М.(30) од Германија...

Африм Гаши за предлогот на Заев: Ова не е нова идеја

Лидерот на Алтернатива, Африм Гаши за ТВ21 го коментираше предлогот на премиерот Зоран Заев за разговори со опозицијата да...

Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција побара оставка на Владата, по бегството на нивниот поранешен функционер обвинет во неколку случаи и поранешен прв човек на УБК Сашо Мијалков. Според Мицкоски, потребна е оставка на Владата и формирање на експертска влада до локалните избори кога би се одржале и парламентарни избори, како што рече, влада која ќе подготви фер, слободни и кредибилни избори.

-Не е доволна оставка на Спасовски, рече Мицкоски, кој смета дека наместо да се докажуваат со обвинителката Вилма Рускоска, министерот за внатрешни работи требало веднаш вчера да депонира оставка, а денеска тоа да го направи и премиерот Зоран Заев. Бидејќи не очекува оставка од Спасовски најави интерпелација, но исто така и го повика да си поднесе оставка.

Мицкоски ги повика пратениците, без разлика дали се од опозицијата или од коалицијата со владејачката СДСМ предводена од премиерот Зоран Заев или од македонскиот или албанскиот блок, да поддржат недоверба на Владата.

-Да ја собориме оваа Влада и потоа да одговараат, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ги повика пратениците на, како што кажа, чест и честитост и да застанат рамо до рамо со граѓаните кои, според Мицкоски, веќе немаат доверба во оваа Влада и обвини дека државата веќе е во политичка криза.

Опозициската партија, како што кажа, ова не го прави за моќ или за власт, туку за иднината на оние кои живеат тука и децата.