Мицкоски повика на протести

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски порача дека народот треба да биде гласен.

Тој вели дека имало иницијатива за протести, на кои тие ќе се приклучат.

„Ги повикувам на сенароден протест, заборавете дека се обраќам од говорницата на ВМРО-ДПМНЕ, секој оној кој што ја слуша оваа прес конференција, секој оној кој мисли дека она што јас го зборувам е така, нека ни се придружи утре пред платото на Владата во 19 часот“, вели Мицкоски.

Тој ги повика сите граѓани на Македонија, но и надвор од неа да се приклучат и да застанат со нив рамо до рамо.