Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска истакна дека ќе присуствува на лидерската средба повикана од премиерот Димитар Ковачевски.
„ВМРО-ДПМНЕ е одговорна и државотворна партија и да, еве објавувам, дека ќе присуствувам на таквата средба затоа што имаме ставови и сме подготвени да ги браниме. Ќе дојдам на лидерската средба, ќе кажам јасно и гласно, не преку соопштенија или штури брифинзи преку какви владата ја најавува оваа средба, дека најреалната причина за која една лидерска средба би имала содржина се разговор за реалните проблеми на народот кој е гладен, а чиј излез, знаеме и тука ние и целата јавност, се изборите“, вели Мицкоски.
Тој вели дека што се однесува за уставните измени, тоа прашање е затворена тема.
„Уставни измени нема да има под овие околности и без гаранции за нашата европска иднина заштитени од идни условувања од Бугарија“, информираше Мицкоски.