Мицкоски револтиран од барикадите и протоколите – „Наместо зближување, денеска сме поделени“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Иако имаше најави дека поради строги безбедносни протоколи, ќе се пропуштаат најавени делегации, сепак ВМРО-ДПМНЕ одлучи поинаку да се организира. Поголема група на членови на оваа партија, на чело со раководството, се собраа пред партиското седиште и тргнаа кон Црквата Свети Спас.

Таму наидоа на полициско кордон и блокиран пат.

реклама

Им беше кажано дека на овој начин нема да можат да го посетат гробот на Гоце Делчев. Секако, ова, но и големите безбедносни протоколи не му се допаднаа на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо да се радуваме и чествуваме достоинствено, имаме обезбедување од прв степен и летаат хеликоптери“, вели Христијан Мицкоски

По неколку минути поминати на барикадата, телефонски јавувања и разговори, на Мицкоски и потпретседателите на партијата им беше дозволено да поминат. Останатите мораа да останат тука.

„Да се менуваме, прво една делегација, па да се спушти. Па, друга делегација и така претпоставуам денот ќе заврши“, додаде Христијан Мицкоски.

реклама

Безбедносните протоколи налагаа делегациите да бидат во помал состав, а откако цвеќе ќе положат официјалните делегации, тоа ќе можат да го сторат и сите граѓани, но по ист принцип, не повеќе од двајца во група.

Мицкоски вели дека е разочаран што на ваков начин се одбележува 151 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

„И второто е чувството на разочараност. Чувство кое што кај мене се создаде денеска чекорејќи од онаа прва барикада преку втората барикада, до овде до оваа црква. Наместо да се зблиќуваме, наместо да се зголемува нашето пријателство, ние денеска за жал сме подалечни од кога и да било во нашата историја. Пред 68 месеци ветуваа живот, пред 68 месеци ветуваа дека Македонија ќе ја однесат во Европа, денеска ние сме според нивото на корупција како држава рамо до рамо со Тунис, Суринам и Индија, а во сите останати параметри сме последни на Балканот. За жал никогаш не сме биле подалечни со нашите соседи од тоа што сме денеска“, порача Христијан Мицкоски.

реклама

Откако Мицкоски положи цвеќе со потпретседателите на партијата, им беше дозволено и на останатите членови на партијата да го посетат гробот на Гоце Делчев.

реклама
реклама
реклама