Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција, по прашање околу напуштањето на собраниската седница од страна на Вреди во однос на законот за бранители, истакна дека тие (бранителите) секогаш ја имаат неговата недвосмислена поддршка.
Како што вели, интересно е што иако овој закон е предложен од СДСМ, сепак истите ја напуштиле седницата.
„Овој закон кој што вчера беше на дневен ред е поднесен од пратеничката славјанка Петровска односно СДСМ и она што е интересно, кога се гласаше потребата за донесување на дневен ред, СДСМ ја напушти седницата. Зошто ова го споменувам, затоа што самата пратеничка и СДСМ не го поднесуваат законот затоа што мислат добро на бранителите, туку за да создадат ваква состојба, за повторно етнички тензии, нетрпеливост бидејќи таа ќе е картата на која што и тие и другите партии без разлика дали од македонскиот или албанскиот блок ќе играат во периодот што следи“, вели Мицкоски.
Тој додава дека неговиот совет до граѓаните е да не наседнуваат на вакви провокации затоа што конечно состојбата е стабилна, и земјата почнува да се развива.