Мицкоски се фали дека Вреди не добила многу – Ибрахими: Зачувана е застапеноста на Албанците во извршната власт

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ поврати три четртини од функциите кои СДСМ ги изгуби. Вака се пофали мандатарот Христијан Мицкоски на манифестацијата посетена на 34 годишнината од формирањето на партијата, каде зборуваше за новата Влада, коалицијата ВРЕДИ и обвинувањата дека многу функции дал на албанскиот блок.

За неколку дена Македонија ќе ја добие новата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период кога се договараше оваа влада внимателно ги следев оние пораки од одредени политички центри од новата опозиција дека премногу им се дало на коалицијата ВРЕДИ што е ноторна измислица. Замислете тие кои коленичеа во Речица кои 7 години беа главни измеќари на ДУИ, нам кои повративме најмалку три четвртини од позициите кои ги изгубија, ни велат дека сме дале премногу“, вели Христијан Мицкоски.

Пред да ја даде ваквата изјава Мицкоски, за ова прашање се дебатираше во Дејли Клик на ТВ21. Зекирија Ибрахими од ВРЕДИ, прашан дали сметаат дека албанскиот блок добил доволно министерства, рече дека од аспект на процентот, Албанците во целата извршна власт се застапени со околу 27 до 30%. Според него, зачувана е застапеноста на Албанците во извршната власт и дека се на истите позици кои ги имала претходнат Влада СДСМ – ДУИ – АА. Ибрахими исто така истакна дека го имале предвид и фактот дека ВМРО-ДПМНЕ сега успеала да создаде мнозинство од 61 пратеника и без Албанците.

Оставате простор да се подразбира дека сте задоволни како ВРЕДИ со овие ресори со кои ќе управувате?

Гледајте, ние би сакале да је земеме цела Влада, но од аспект на тоа дали Албанците се застапени во извршната власт, јас ве уверувам дека Албанците се доволно добро застапени и секаде и таму каде немаме министерства, ќе имаме други функции под министерот со кои ние ќе бидеме застапени и како Албанци“, вели Зекирија Ибрахими.

Коалицијата ВРЕДИ во новата Влада се очекува да ги има функциите прв вицепремиер и 5 министерства. Предвидено е во повеќе министерства каде ВРЕДИ нема министер, заменик министерот или друг раководител да биде Албанец. Но исто така се очекува ВРЕДИ да добие и околу 300 директорски позиции.