Мицкоски: Следува намалување на даноците со тоа ќе станеме држава со најниски даноци во Европа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес конференција по повод 100 дена Влада најави намалување на даноците.

Според него, со тоа ќе станеме држава со најниски даноци во Европа.

„Во наредните 4 недели очекувајте одлука за дополнително намалување на даноците со што ќе станеме држава со најниски даноци во Европа. Продолжуваме да градиме мостови со соседите. Добрососедската политика е тоа што треба да биде одлука на граѓаните“, порача Мицкоски.