Мицкоски: Со потпишување на предлогот Албанија почнува преговори со ЕУ, ние не

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска уште еднаш му порача на премиерот Димитар Ковачевски да го отфрли предлогот, или да се избришат спорните точки од предлогот за тргање на ветото од Бугарија.

„Јас му предложив на Ковачевски. Или да го одбие предлогот, или да се избришат спорните точки. Ние нема да бараме предвремени избори ниту ништо друго. Но, едно да им биде јасно на граѓаните. Со прифаќање на предлогот Албанија почнува преговори со ЕУ, ние не. Ние треба да го смениме Уставот. Немам ништо против Албанија да почне преговори. Ако од ЕУ сметаат дека местото на Албанија и Рама е таму, што јас сметам дека не е, слободно нека почнат преговори“, изјави Мицкоски.