Мицкоски: Целта е до 2026 година увозот на електрична енергија да биде на нула

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министрите денеска пред јавноста дава отчет што сработила Владата во првите 100 дена.

Како што порача, целта на Владата е до 2026 увозот на електрична енергија да биде на нула.

„Нешто што претставува историска цел, имајќи предвид дека сме увозно зависна држава“, порача Мицкоски.

Мицкоски додаде и дека од 01.01.2026 година почнува примена на механизам според кој сите компании кои што извезуваат во рамки на ЕУ мора да покажат дека производите им се произведени со користење на зелена обновлива енергија.