Мицкоски за денешната статистика на починати: „Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил дека денешната бројка на починати ќе била помала доколку имало вакцини на време.

„51 лице починато поради Корона, а Заев вели не чувствувал одговорност. А, ако не е ваша, чива е? Гробиштата се полни, душите празни. Оваа бројка ќе беше помала да имаше навреме вакцини. Но, провизиите им беа поважни. Оставка за мафијашката власт, а потоа одговорност и нормализација. Секој според заслуженото, за народот спокој и можности, за криминалците одговорност. Нема бегање!“, порача Мицкоски.