Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите проговори и за поранешните членови на македонскиот тим во Мултидисциплинарната експертска комисија за историски и образовни прашања.
Како што порача, тие се „политички флоскули за кои не смета дека треба да се посвети внимание“.
„Потрошени се стотици илјади народни пари евра за ништо, за нешто што резултираше со капитулација, прифаќајќи го тоа што го прифатија Ковачевски и Османи“, порача Мицкоски.