„Секој кој ја поддржува владата е добродојден и може да се приклучи“.
Ова го изјави премиерот Христијан Мицкоски на поставување на камен темелник на детска градина во Ѓорче Петров, на прашањето дали Моника Зајкова од ЛДП ќе се приклучи на владината коалиција.
„Владината коалиција е стабилна. Секој кој ги поддржува политиката, може да се приклучи. Не сме разговарале во рамките на партијата и коалицијата, но е процес кој треба да добие поддршка од сите политички чинители, и не е важно само што Мицкоски ќе каже“, рече премиерот.