Мицкоски за францускиот предлог: Не благодарам!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска на прес конференција посочи дека францускиот предлог ги содржи сите барања на Бугарија и во однос на историјата и на јазикот.

Тој вели дека ова значи Бугарија има целосно право на Бугарија да менува учебници, а децата да учат според „бугарски диктат“.

„Прифаќаме дека Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите револуционери биле Бугари, дека македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот. Секој кој како Владата и Ковачевски, Османи и Маричиќ ќе ви кажува нешто поинаку, ви кажувам со сиот мој дигнитет и име дека не ја говори вистината или да бидам повулгарен, ве лаже. Затоа имаме какафонија од предлози, два документи, два процеси, сменети зборчиња кои владата ни ги кажува како успех. Еве ви кажувам дека лажат и манипулираат. Јас и ВМРО-ДПМНЕ нема да бидеме соучесници во таков процес, рече Мицкоски.