Мицкоски за изјавата во Клик Плус на ТВ21 дека нема да користи Северна: Дадена е во сосема други околности

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Пред пет години, во студиото на ТВ21, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски беше прашан, дали ќе ја користи придавката „Северна“ и целото уставно име на државата, доколку еден ден стане премиер.

Неговиот одговор беше: Никогаш, па и по цена да му го земат мандатот, но оваа реторика е поинаква денеска, откако стана премиер.

Во врска со ова, по прашање на модераторот вечерва во интервју за ТВ24 за тоа дали оваа изјава е лицемерна, Мицкоски порача дека не би рекол дека е лицемерие.

„Таа изјава е дадена во 2019 година во едни сосема други околности, друг деловник во рамките на Парламентот, сега имаме друг Деловник каде што содржано. Ќе биде лицемерно ако јас сега појдам во Вашингтон на самитот на НАТО и пред мене табличката со уставното име, и јас да кажам не не го користам, како не го користам кога е пред мене. Што ќе им кажам на граѓаните, тоа што го гледате, не го гледате или пак треба да ја земам табличката да ја искршам и да излезам од самитот“, вели Мицкоски.