реклама
Array

МКФ и македонските клубови ќе се натпреваруваат во куповите на ФИБА

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

реклама

Кошаркарските федерации на Македонија, Црна Гора и на Босна и Херцеговина се определија нивните клубови во следната сезона да играат во натпреварувањата што се под раководство на ФИБА.

Со ова продолжува „војната“ на релацијата Евролига – ФИБА, која сега доби една „рунда“ откако трите федерации застанаа зад натпреварувањата на ФИБА.

реклама

МКФ има испратено писмо со согласност потпишано од претседателот на МКФ Петар Наумоски.

Претходно, на ист чекор се решија и првите луѓе на хрватската федерација, додека од Србија и од Словенија нема конечен став по ова прашање.

реклама

Неизвесна е сега судбината на АБА лигата по ваквите потези. Опстојувањето на оваа лига ќе биде познато на следната седница на регионалното натпреварување која треба да биде одржана во недела во Загреб.

реклама
реклама
реклама
реклама
реклама