Младиот Никола ја победи болеста.
„Со голема радост сакам да објавам дека штотуку разговарав со младиот Никола кој се наоѓа на лекарски прегледи во Турција и ме извести дека и при оваа контрола е утврдено дека е излечен и во неговото тело нема повеќе метастази“, пиша градоначалникот на општина Гази Баба.
Ова е втора контрола со која на Никола му се констатира истото.
Ова е победа на сите хумани луѓе!
Во хуманоста за Никола се обединивме сите и јас од срце им благодарам на сите оние кои донираа! – напиша Стефковски.
Инаку, младиот Никола Георгиев има 19 години и му беше утврден канцер за што се организираа бројни хуманитарни активности преку кои беа собрани потребните финансиски средства за негово лекување во Турција.