ММФ предупредува: Проширувањето на војната во Газа ќе ја зголеми економската штета

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Шефицата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) Кристалина Георгиева предупреди дека секое проширување на војната во Газа ќе ја зголеми економската штета предизвикана од конфликтот.

Во говорот на Самитот на светските влади во Дубаи, извршната директорка на ММФ, рече дека влијанието на војната се чувствува во намалениот туризам во земјите од Блискиот Исток, како и со зголемувањето на трошоците за превоз и намалувањето на транспортот во Црвеното Море.

Георгиева, сепак, рече дека е оптимистична за севкупните економски изгледи и покрај неизвесностите бидејќи глобалната економија досега се покажала отпорна.