МНР ќе и предложи на Владата да го прифати предлогот на ЕУ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот Фејсбук профил посочи дека бројните консултации, во кои Францускиот предлог детално се анализира, минуваат во позитивна атмосфера.

„Различните групи и поединци се фокусираат на суштински прашања кои се важни за граѓаните и за идниот процес на преговори: Македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија, чисто формулиран и без ниту една забелешка или објаснување наведени во преговарачката рамка. Протоколот, како и делот кој упатува на историските прашања, остануваат во сферата на билатералните односи и не се дел од Преговарачката рамка. Одобрувањето на овој предлог ќе значи одржување на првата Меѓувладина конференција, започнување на процесот на скрининг – суштинско отворање на преговорите во полн капацитет – и тоа веднаш!“, вели Османи.

Тој додава дека имајќи ги предвид досегашните консултации, Министерството за надворешни работи ќе ѝ предложи на Владата да го прифати предлогот на Европската Унија за продолжување на нашите европски интеграции.

„Процесот на консултации продолжува меѓу Владата и другите институции, заинтересирани групи и целокупната јавност, по што Владата ќе ја донесе конечната одлука“, додава Османи.