Министерството за надворешни работи на Бугарија информира дека нивните стратешки партнери се известени за провокациите од Република Северна Македонија, кои се со цел да се уништи дијалогот.
„Во врска со последователните навредливи квалификации кон Бугарија и бугарскиот народ од страна на функционери од Република Северна Македонија, категорично одбиваме да се вклучиме во таков неевропски и неспоив тон.
Уште еднаш потсетуваме на клучното значење на развојот на добрососедските односи за европската иднина на Република Северна Македонија“, се вели во ставот на МНР.
Инаку, претседателката Гордана Силјановска-Давкова минатата недела беше во посета на Бугарија и се сретна со шефот на државата Румен Радев. И двајцата го опишаа разговорот како конструктивен и во пријатна атмосфера.
Сепак, отсуството на државното знаме на Македонија на заедничката фотографија на двајцата претседатели предизвика скандал и реакции во јавноста.
Според Сиљановска Давкова претходно истакна дека видела оти го нема знамето, и мислела да си замине, но со тоа ќе направела скандал.
„Јас не знаев дека ќе треба да се сликам и во просторот каде што се одржуваат фотосесиите. Кога тргнавме ние, мислев дека ќе одиме во просторија за разговор, одеднаш кога влегов во просторијата ги видов двете знамиња и требаше да размислувам што да направам. Во тој момент едната мисла беше дека можам да си заминам и тогаш ќе направев скандал, а другата беше дека домаќинот ги утврдил правилата и дека домаќинот, а не јас греши и дека што е подобро си велам“, вели Сиљановска Давкова.