„Мој ДДВ“ од 2023 ќе претрпи измени – наместо 1800 денари, на три месеци ќе се враќаат по 2100 денари

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Скенирачите на фискални сметки преку апликацијата Мој ДДВ, ќе добијат по 2100 денари на секои три месеци, наместо досегашните 1800. Новите измени ќе стапат на сила од јануари 2023, најави директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Пред три години почна да функционира апликацијата Мој ДДВ а до сега како што вели Лукаревска, на граѓаните им се вратени околу 68,3 милиони евра.

Статистиките велат дека апликацијата повеќе ја користат жените отколку мажите. Во изминативе три години, во Скопје се скенирани 259 милиони сметки, во Штип 112,2, во Битола 107,6, во Прилеп 93,5, Тетово 58,4 и Струмица 58,2.