Мојсова: На компјутерската томографија кај ракометарот е забележан страшен оток на мозокот, но нема скршеници

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 посочи дека при компјутерска томографија, кај ракометарот Денис Тот е забележан голем оток на мозокот, но немал скршеници.

„Се враќа во живот, добиена срцева акција. На томографијата се гледа дека има страшно отекување на мозокот, кое секогаш е поврзано со смрт, и нема скршеници на ниту еден дел од телото“, вели Мојсова.

Таа додава дека пријавено е во Министерството за внатрешни работи од страна на Ургентниот центар бидејќи смртта била сомнителна.