Мојсова: Од старт смртта на ракометарот е сомнителна, затоа случајот беше пријавен во МВР

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека од самиот старт смртта на ракометарот Денис Тот била сомнителна, па затоа случајот бил пријавен во Министерството за внатрешни работи.

„Бидејќи е сомнителна смртта… Ние секоја смрт не ја пријавуваме секоја смрт во МВР, доаѓаат луѓе со болести, но ова било сомнително. Најден некаде во ниедно време, и затоа е пријавена во МВР. Ургентниот центар пријавува“, вели директорката.