Мојсова: Оток на мозокот настанува од недостаток на кислород, и натаму тврдам дека кај ракометарот немаше видливи повреди

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека и натаму тврди дека кај ракометарот Денис Тот немало видливи повреди.

„Мозкот може да отече при повреди, во сообраќајки но обично ги гледаме во околина на оток“, вели Мојсова.

На модераторско прашање за тоа дека станува имало удар, Мојсова додаде дека на компјутерската томографија освен едно глобално отекување, не се гледале фокални лезии.

„Што значи тоа? Нешто да ни даде на значење дека има удар. Што се однесува до видливоста. Нема видливи знаци, немаше модрици“, вели Мојсова.

Таа додава дека во тие моменти тие немале податоци дали е тепачка, сообраќајка.

„Отекување на мозокот настанува кога нема кислород, кога нема циркулација. Тоа е мозочна смрт. Јас не можам ништо да кажам без обдукција“, вели Мојсова.