Мојсова: Тот бил донесен без срцева акција, тоа значи мртов и немал сопствено дишење, бил модар во лицето

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 гостува директорката на КАРИЛ д-р Маја Мојсова, која даде хронологија на случувањата за смртта на ракометарот Денис Тот.

Таа вели дека Тот бил донесен во болницата без срцева акција, што значи бил мртов и немал сопствено дишење.

Директорката додава и дека бил модар во лицето.

„Во 3:45 е веќе направен компјутерот, 3:25 е донесен без срцева акција. Беше донесен без срцева акција, не дишел сопствено, и пребоеноста била модра поради недостаток на кислород и циркулација. Колешката која била повикана кога го видела, веднаш пристапила кон оживување, црево за душење го поврзала, и започнала срцева акција. Се даваат лекарства, била песимиста со оглед на целокупниот изглед, но била млада упорна, и се работи за млад човек, влогот е секогаш поголем. Добила срцева акција, и притисок. Крвен притисок е важен затоа што прави сите органи живеат“, објаснува д-р Мојсова.