Мостот Беласица во Скопје, во близина на железничката и автобуската станица и Трговскиот центар „Ист Гејт Мол“, повторно е затворен за сообраќај.
Причината е тоа што ќе се тестира издржливоста на мостот, откако беше затворен повеќе од еден месец, по пожарот кој настана во минатата година, при што беа оштетени цевки и кабли.
Граѓаните не дознаа дали е безбеден, а беше пуштен во употреба, но само со по една лента од двете страни. Град Скопје го држеше со месеци затворен.