Може ли „Огнената група“ со Алтернатива да формираат своја пратеничка група? Одговара Јован Митрески

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Дали има најава пратениците од т.н. „Огнената група“ заедно со пратениците на Алтернатива да формираат своја пратеничка група?

На ова прашање вечерва во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 одговори Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

Според него, одговор на ова прашање треба да дадат од „Огнената група“, но според негово видување, нема таква можност.

„Според тоа што слушам и нивното делување внатре во партијата ДУИ, и нивното делување внатре во пратеничката група на ДУИ, не гледам можност и не гледам варијанта дека може да има поинакво одвојување надвор од пратеничката група на ДУИ“, вели Митревски.

Тој додава дека не доаѓањето на пратениците на седници е поради службени патувања, како и здравствени проблеми.