Му се одзима акредитацијата на Рамиз Мерко за факултетот за здравствени науки

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

На денешната седница одборот за акредитација кој претходно со 12 гласа „за“ го одобри отворањето на факултетот за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга во сопственост на семејството на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко одлучи да му ја одземе акредитацијата за основање на таква образовна институција.

Со оваа одлука се поништуваат сите други правни дејствија во врска со почеток со работа на факултет за здравствени науки на приватната високо образовна установа, се наведува во соопштението до јавноста.

Владата на седница на 9 април даде согласност за основање на факултетот, која во службен весник е објавена на 15 април за време на предизборната кампања со потпис на техничкиот премиер Талат Џафери. Мерко и неговото семејство веќе една година  се на црната листа на САД. Меѓународниот универзитет во Струга е дел од Еуро колеџ кој е во сопственост на еден од синовите на Мерко.