Иако добивме потврда за интервју со Муса Џафери во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, по еден час истото е откажано.
Џафери во изјава за ТВ21 при откажувањето на гостување истакна дека во вторник имаат средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети.
„Ве молам, иако го потврдив моето присуство во емисијата за понеделник, ме известија дека во вторник имаме средба со првиот човек на ДУИ, Али Ахмети. Сакајќи да им дадам дополнителна шанса на разговорите за внатрешните состојби во ДУИ, со жалење ве известувам дека мора да го откажеме интервјуто, со единствена причина што разговорите не ги водиме преку медиуми. Ви благодариме за разбирањето. По средбата ветувам дека ќе дојдам во вашето студио“, изјави Џафери за ТВ21.
Останува во наредните денови да видиме дали навистина средбата со Ахмети или нешто друго го убеди Муса Џафери да го откаже своето интервју.