МВР откри дека Самка Ибраимовски преку Фејсбук се заканувал на Уставни судии

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за внатрешни работи откри дека заканите кон судија на Уставен суд, пријавени од претседателот на Судот Дарко Костадиновски, ги упатило лицето Самка Ибраимовски.

Како што велат, тие биле упатени преку социјалните мрежи.

„Денеска (24.06.2024) околу 12 часот претседателот на Уставниот суд Д.К. во Секторот за компјутерски криминал при МВР пријави закани по животот и безбедноста на судија на Уставен суд упатени од С.И. преку социјална мрежа“, стои во соопштението од МВР.

Од МВР велат дека преземаат соодветни мерки и овој случај ќе биде расчистен во најбрз рок.