МЗ за паднатиот ѕид кај Детска клиника: Немаме право за трајно користење, Град Скопје и Центар да изнајдат решение

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во случајот со паднатиот потпорен ѕид позади Клиниката за детски болести истиот е изграден на државно земјиште, а Министерството нема прибележано право за трајно користење на тоа земјиште.

Секој од објектите во Клиничкиот центар има право на користење на објектите, но нема доделено право на трајно користење на земјиштето околу клиниките. Во интерес на граѓаните, потребно е да се изнајде итно решение во заеднички напори со надлежните институции Градот Скопје и Општина Центар кои треба да бидат иницијатори за решавање на проблемот, поради тоа што се работи за улица, а надлежните инспекциски служби да дадат мислење за моменталната безбедност.